Економија Топ вести

Градежништвото и земјоделството „рај“ за сивата економија

Неформалната или „сива“ економија и понатаму е голем проблем за државата и покрај мерките за нејзино намалување. Најприсутна е во сезонските дејности, односно градежништвото и земјоделството, а Државниот завод за статистика проценува дека мажите повеќе се неформално вработени за разлика од жените. Нискоквалификуваните кадри најмногу циркулираат во сивата економија – односно, голем број на млади лица и пензионери, кои со самото тоа се изложени на секакви ризици, немајќи ниту некаква правна заштита.

Во земјоделството, стапката на неформални работни места беше проценета на 55%, во споредба со високи 84% во далечната 2011 година. Неформалното ангажирање на работници во градежништво задржува едно ниво од 36% во текот на целиот период. Приближно половината од неформалните вработени се во земјоделскиот сектор, изјави министерката Шахпаска.

На дискусијата за намалување на неформалната економија, владините претставници се обидоа да дојдат до одговори најпрво како истата да ја детектираат.

Први на листата за ветинг во МНР се дипломатите во земјите на НАТО

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски е на ставот дека неформалната економија бара креирање на мерки и политики, но неговиот колега од Владата, министерот за финансии, смета дека тоа не е доволно.

Мора да се демотивираат вработените во сивата економија. Тоа значи од една страна да се зголемат трошоците за тие што работат во сива економија, односно, да не може да се исплати да се работи во неформална економија. Од друга страна, високи казни за сива економија како и регуларни инспекциски надзори, рече Бесими.

Според проценките и анализите на УНДП, пандемијата со коронавирус оставила големи последици. Работниците што се послабо платени веќе многу страдаат и според сите проценки тоа не оди во прилог на искоренување на сивата економија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Едниот за спас на изборите, другиот за мнозинство во Собранието – Ковачевски и Мицкоски бараат масовен одзив на изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе