Македонија Најважни

Кривични пријави за пет лица за учество во толпа и напад врз службено лице

По инцидентите кои се случија на протестот, кој се одржа вчера во Тетово, лишени од слобода се 5 лица. Тие заработија кривични пријави под сомнение за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие, а тројца од нив и за напад на службено лице во вршење работи на безбедноста. Протестот стана предмет и на политички препукувања. 

Полицијата лишила од слобода вкупно 5 лица, по инцидентите на вчерашниот протест за жртвите во пожарот во модуларната болница, во кој дел од демонстрантите се судрија со полициските службеници во обид да стигнат до седиштето на ДУИ во Мала Речица.

31-годишник од кичевско Туин, 52-годишник од Мала Речица, 33-годишник од тетовско Вешала и двајца тетовци на возраст од 33 и 30 години се задржани во Полициската станица Тетово во координација со јавен обвинител, а против нив СВР Тетово поднесе кривични пријави.

Протестот на кој се бараше оставки, правда и одговорност за жртвите во пожарот во тетовската модуларна болница, стана предмет на политички препукувања. Од Демократската унија за интеграција велат дека претставници на опозоцијата се вмешани во неговата организација.

Од Алијанса за Албанците, пак, се оградија од организацијата на протестот, туку, како што велат присуството на нивни членови и симпатизери бил чин на граѓанска свест и одговорност, како и на останатите граѓани на Тетово.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе