Македонија

Шекеринска на средба со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која е во неколкудневна работна посета на САД, се сретна со со секретарот за одбрана, Лојд Остин, што е прва средба на највисоко ниво со новата американска администрација.

Застојот во евроинтеграцијата на Северна Македонија ја поткопува довербата во европските вредности и во храбрите одлуки што ги направивме како држава за да ги отстраниме препреките на тој пат. Сметам дека силен и координиран европски и американски ангажман би довел до позитивно придвижување и надминување на статус-кво во процесот, со што ќе се врати довербата во него и ќе се оневозможат влијанијата од трети страни – порачала Шекеринска, пишива во соопштението од Министерствот за одбрана.

Во холот на НАТО во Пентагон се одржала и посебна церемонија на откривање на македонското знаме, како 30-та членка на Алијансата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе