Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ ќе поднесе претставки до Антикорупциска и до Народниот правобранител поради низата нерегуларности кои ги воочиле. Велат настава има, но учебници нема не само за четврто одделение, туку и во некои основни и средни училишта. Доколку не се обезбедат учебници до крајот на септември на сите ученици најавија бојкот на наставата и протести.
- Светска банка даде средства како што и самата министерка најави, но не знам каде отидоа тие средства и како дозволивме да немаме учебници за нашите деца. Идната недела ќе поднесеме претставки до Антикорупциска бидејќи побаравме информации од јавен карактер од самото министерство кои ни одговорија многу смешно и тој документ ќе го видите од понеделник , така што следнава недела ќе работиме на претставки до Антикорупциска и до народниот правобранител се со цел да се утврди по кои законски прописи се донесе оваа реформа и концепција. И како ние без Закон за учебници и наставни материјали спроведуваме реформи кои законски не се ниту спроведени ниту донесени, рече Драгана Спасевска, граѓанска иницијатива „Учебници и настава мора да има“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
