Почна увидот во документацијата за набавката на модуларните болници, меѓу кои беше и таа во Тетово која пред девет дена до темел изгоре во пожар заедно со 14 луѓе во неа. Обвинителите за гонење организиран криминал утрово почнале со проверка на набавката на модуларните болници, но и нивната техничка спецификациија, откако вчера по 14.00 часот им била доставена целата документација од Министерството за труд и социјална политика. Тие ќе проверуваат дали се испочитувани процедурите, со оглед дека набавката одела според посебен закон донесен од Владата.
„Тоа се документи од набавката, со тоа што имам првични информаци – наши експери ја направиле техничката документација, а од Светска банка направиле одредени корекции на таа техничка документација“, изјави Вилма Русковска, главен обвинител на ОЈО за гонење на организиран криминал.
Освен набавката, обвинителите ќе проверуваат и дали болниците се направени според техничката документација која била одобрена од Светска банка.
Во документацијата која вчера ја добиле во Обвинителството увид ќе имаат и германските истражители, на кои таа уште вчера им била испратена.
„Техничката спецификација ја добивме на англиски, но веднаш ја скениравме и по е-маил ја испративме во обвинителството во Тетово, за да можат и веќе дојдените експерти од Германија, да се запознаат со истата. Доколку им е потребно ќе им ја дадеме и во орифинал, така како што нам ни е дадена“, рече Русковска.
Обвинителството за организиран криминал во вторникот ја добиле документацијата за модуларните болници од Бирото за јавни набавки, но како што вели Русковска, таму немало многу документи.
По неофицијалните информации веднаш по пожарот дека тој започнал од електричната инсталација, до денес нема информации кој го правел надзорот и кој го извршил техничкиот прием на болницата. Рускоска на тоа вели дека утрово почнале со разгледување на документите и оти се уште немаат поконкретни сознанија.
Кој дал техничко одобрување за употреба на модуларната болница во Тетово не знае ниту министерот за правда.
„Тоа е сосема надвор од моите надлежности. Немам информации. Ќе треба да прашате или кај изведувачите или кај оние што ја ставиле болницата во употреба или во Обвинителството. Навистина нема информации за ова“, изјави Бојан Маричиќ, министер за правда.
Истрагата за тоа како избувна пожарот е се уште во тек, но детали не се откриваат. Германските истражители денеска не биле на терен во изгорената болница и како што дознава Телма, тие вчера звршиле таму со увидот и денеска продолжиле со форензички испитувања на обезбедениот материјал.
Тамара Грнчароска
