Македонија

Попишани над 400.000 граѓани, само вчера 111.186

Над 400.000 граѓани се попишани досега, а само во текот на вчерашниот ден 111.186 лица, соопшти Државниот завод за статистика.

ДЗС истакнува дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување, граѓаните можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!, порачуваат од ДЗС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Таткото на Меланија е хоспитализиран во Демир Хисар, се чека судско решение за понатамошниот третман

Igor Trajkov

Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе