Македонија Најважни

Обвинителството ќе влезе во „Брако“ за да ја одземе документацијата за проектот за модуларните болници

Петтемината обвинители истрагата ги одвела во компанијата „Брако“ која ги градела модуларните болници. Побарале помош од велешкото обвинителство за да ја одземат документацијата за изградата на објектот од градителот „Брако“, информираат од јавното обвинителство.

За градбата и материјалите, пак, оценка треба да даде градежниот факултет откако обвинителите побарале вештачење.

„ Издадена е и Наредба за градежно вештачење до Градежен институт „Македонија“, за да се подигнат примероци од опожарениот вграден градежен материјал од самото место на настанот – под, таван, ѕидови, прозори, врати, изолација и слично од Модуларната болница, со цел да се испита и да се образложи од каков материјал се изработени, каков материјал е вграден во Модуларната болница во Тетово и да се преземат и други потребни дејствија, кои се во насока на утврдување на составот на градежните материјали” – велат од обвинителството

За потребите на истрагата обвинителите влегле и во тетовската болница за да побараат елаборат за складирање на хемикалии и горива, како и генератори при прекин на струја, но и рок тетовската болница да им го даде Планот за електрична инсталација на Модуларната болница.

Најголем дел од доказите поврзани со пожарот според обвинителите се наоѓаат во тетовската болница.

„ Доставена е наредба да се обезбеди целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово. Побарано е да се обезбедат податоци во врска со лицето кое било одговорно за раководење со изградбата, лицето кое имало овластување за надзор при градбата на истата, да се достави извештај дали е извршен технички прием и доколку е извршен – кој го извршил и кои лица ја изготвиле техничката спецификација за јавната набавка за Модуларните болници изградени во Република Северна Македонија” – соопшти обвинителството.

На прашењето околу надзорот на модуларната болница одговор засега нема ниту приемирот Зоран Заев, кој информираше дека претходницита на гермнските форензичари кои ќе помагаат во Тетово е веќе пристигната се чекаат да пристигнат остантите членови на тимот.

Откако обвинителството ,пак, за борба против организиран криминал минатата седмица испрати наредба до бирото за јавни набавки за доставување на документите за јавните набавки на модуларните болници , денеска со одговор дека сеуште не добиле повратен одговор. Обвинителката Вилма Русковска потврди дека обвинителството не ги добило документите и дека истрагата ќе биде во насока на проверка на јавната набавка, а не во начинот на градба и квалитетот на објектите.

Ова доаѓа откако по допрен глас обвинителството за организиран криминал се вклучи во истрагата но за парите дадени за 17 модуларни болници. Модуларните болници се изградени по договор со Брако потпишан на сума од над 4 милиони евра во проект финансиран од Светска банка, но преку Труд и социјална политика.

Исто така техничките приеми и примопредавање на модуларните е вршено без инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување кои се задолжени да издадат или не издадат дозвола за користење доколку објектите ги исполнуваат мерките за заштита од пожари и експлозии.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Таткото на Меланија е хоспитализиран во Демир Хисар, се чека судско решение за понатамошниот третман

Igor Trajkov

Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе