Вести Македонија Топ вести

12 кандидати за градоначалник на Скопје и дванаесет листи за советници

Скопјани ќе избираат меѓу 12 кандидати за градоначалник и 15 советнички листи. Ова е досега најголем број на кандидатури поднесени за локални избори во главниот град. Актуелниот градоначалник Петре Шилегов, кој на претходните избори победи во првиот круг, повторно ќе има поддршка од ДУИ, како и од ДПА и Беса. Но, овојпат гласовите на Албанците се расцепкани, затоа што опозициската Алијанса за Албанците најави поддршка за Данела Арсовска, кандидатката што ја поддржува и ВМРО-ДПМНЕ. Бени Шаќири е кандидиран од ЛДП и ДОМ, Александар Тортевски од Твоја партија, Петар Георгиевски од Левица,  Ана Петровска од каолицијата „Зелен хуман град“. Свои кандидати ќе имаат и Бошњачкиот демократски сојуз, ТМРО, Демократи, Интегра, Родина и Титови сили.

За скопски Центар се кандидирани 7 лица за градоначалник, и 10 советнички листи.  СДСМ во оваа општина одат со Горан Герасимовски, а ВМРО ДПМНЕ со Наташа Котлар. ЛДП ДОМ го кандидираат Антони Новотни. Во Карпош ќе се бира меѓу  6 кандидати за градоначалник и 10 советнички листи. Од поголемите партии ќе се соочат Душко Весковски од СДСМ, Оливер Зафировски од ВМРО ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Дарко Ристовски од Левица и Христа Најданов  од ЛДП и ДОМ.

Со сегашните градоначалници СДСМ и на овие избори ќе оди во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров и повеќе мали општини. ВМРО ДПМНЕ, пак, нуди нов кандидат за Аеродром, пратеникот Тимчо Муцунски, кој ќе му се спротистави на Александар Филиповски од СДСМ.

Раситнување на партиските гласови се очекува и во Куманово, меѓу кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски и актуелниот градоначалник, Максим Димитриевски. ВМРО-ДПМНЕ оди со актерот Тони Михајловски.

Откако општинските изборни комисии официјално ќе ги потврдат сите кандидатури, тие ги доставуват листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивниот редослед, што треба да се одржи најдоцна до 23 септември.

Во Кичево, независниот кандидат Фатмир Лимани ќе му биде противкандидат на актуелниот градоначалник од ДУИ, Фатмир Дехари. СДСМ немаат кандидат, додека ВМРО-ДПМНЕ оди со лекарот Александар Јовановски.

Во Тетово, има примено седум пријави за кандидати за градоначалници и десет за советнички листи.

На досегашната градоначалничка од ДУИ, Теута Арифи, ќе и се спротивстави Билал Касами од БЕСА, а кандидат имаат и СДСМ, Хамдије Елезовиќ. Тука е и поранешниот градоначалник од редовите на ДПА, Сади Беџети, како и Вулнет Мурсели од Алијанса.

Во Гостивар се доставени четири кандидатури за градоначалник и десет листи за советници. Во Прилеп се поднесени пет кандидатури за градоначалник и осум кандидатски листи за советници. Во Битола 6 кандидатури за  градоначалник и 14 листи за советници. ВМРО ДПМНЕ оди со Тони Коњановски, СДСМ со Христи Кондовски, а ЛДП ДОМ со Горан Милевски. Охрид информираше дека се поднесени  три кандидатури за градоначалник и  11 советнички листи

Најмалку кандидатури за градоначалник, само две  има во Маврово Ростуше. Доколку се постигне цензусот на излезност, во оваа општина изборите ќе завршат во првиот круг.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

СДСМ не ја прифати поканата на Левица за состанок за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Распишана меѓународна потерница по Александар Лазаров, кој избега преку прозорец од кочанската Полициска станица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе