Едниот во скопско, другиот во велешко. Од оганот зафатена е шума на планината Китка, додека пак пожарот во близина на железничката станица во Велес е локализиран и екипите сега работат на целосно гаснење. И во двата случаи станува збор за пожари на речиси непристапен терен, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипите стравувале дека пожарот на Китка утрово можело да се прошири, но сепак не постои опасност по околните населени места, бидејќи истиот е под контрола, уверуваат од ЦУК.
Во Велес ситуацијата денес е посмирена. Ветрот синоќа го разгоре шумскиот пожар и гореа околу 200 хектари трева и нискостеблеста шума. На терен делувала екипа од ШС „Бабуна” кои заедно со пожарникарите го локализираа огнот.
Велешкиот пожар во изминатите 24 часа претставувал опасност за селото Карбуниште со петнаесетина куќи, но екипите навреме го сосекле кракот од пожарот кој се движел во тој правец.
Петар Догов
