Локална трансмисија на коронавирусот во штипските училишта нема, но денеска повторно има двајца ученици од одделенска настава позитивни на вирусот. Станува збор за изолирани случаи од две различни девотеолетки, а со вирсот се заразиле од домашните контакти, а не во училишните клупи. Бројката на изолоирани ученици во штипските основни и средни училишта достигна над 80, а вкупниот број на заразени е 11 ученици и тројца наставници.
Од Министерството за образование и наука и денеска информираат во проценти, колку ученици и наставници на ниво на држава се позитивни на коронавирусот.. Околу 0,02 % од вкупниот број на ученици и исто толкав процент и на наставници се активни случаи на заболени со Ковид 19.
Тоа што е особено важно да се потенцира е дека училиштата не се трансмитери на заразата и дека во секој случај кога има појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите. МОН апелира на доследно почитување на здравствените протоколи и одговорно однесување од страна на сите засегнати чинители во воспитно – образовниот процес, бидејќи само на тој начин ќе ја одржиме наставата со физичко присуство во училница, која е во најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива, велат од Министерството за образование и наука
Наставата низ училиштата во државата се одвива со физичко присуство согласно протоколите, засега нема училишта, кои изминатите 10 дена имаат целосно преминато на онлајн настава. Средношколците од Тетово на настава со физичко присуство треба да почнат од среда, доколку во меѓувреме нема друга одлука. Вкупно 14 работни денови наставата ја следат онлјан.
Викторија Јованова
