Вести Македонија Топ вести

Македонската дипломатија заглави во Ерменија

Македонската дипломатија заглави во Ерменија и покрај тајните преписки за скандалот- градежен инжинер од Македонија бил бегалецот

Пред 5 години покрај автопатскиот коридор Север-Југ во Ерменија, Бранислав Димитриевиќ дава изјава за ерменските медиуми како шеф на тимот за надзор врз изградбата и претставник на белгиско-шпанскиот конзорциум „САФЕГЕ и ЕПТИСА“. Само две години подоцна (2018-та година) за корупцијата и перење на десетици милиони евра, ерменското обвинителство отвора истрага против тамошни политичари, а со истрагата е опфатен и македонскиот инжинер Димитриевиќ. Тој пред надлежните обвинители ветил дека ќе остане до крајот на истрагата, ама на први октомври 2019-та ќе замине од Ерменија со туѓ пасош на име Зоран Спиров во авион со двајца странски пилоти и 3-ца македонски дипломати, меѓу кои е и сега притворениот во Врање, дипломатот Миле Миленкоски. Димитриевиќ инаку по струка е градежен инжинер кој има работено на градилишта на патишта и во Македонија како например во 1998-ма бил проектант на патот Владевци-Струмица. Која е неговата улога во скандалот во кој се вмешани и ерменски политичари и функционери досега не откриваат од ерменското обвинителство на кое им упативме прашања. Во македонското пак велат дека нема постапка во Македонија ниту за ерменското кривично дело со корупција ниту за бегството, ниту пак Ереван барал да се префрли гонењето во Македонија. И обвинителството во Скопје се информира за случајот преку медиуми.

За кривично правниот настан што се случил надвор од нашата земја и во кој се инволвирани македонски дипломати, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби сознанија благодарение на медиумите. До денес до обвинителството не е доставена документација од страна на странскиот надлежен орган, ниту барање за преземање на кривично гонење против овие лица. обвинителството до денес нема добиено ниту какво било друго известување за настанот ниту од македонските ниту од ерменските надлежни органи.

Дека македонски дипломати учествувале во извлекување на лице опфатено со истрага во Ерменија се знаело уште предкрајот на 2019-та година кога во МВР пристигнало ерменско полициско барање за повеќе податоци за тројцата дипломати со опис на делото за кое се сомничат. И покрај тоа не се преземени никакви истражни постапки, а на крај еден од дипломатите Миле Миленкоски е испратен во мисијата во ОБСЕ во Виена и при враќање е фатен во Србија. Министерот Бујар Османи вели дека бил пратен во Виена затоа што имал искуство во истата мисија, а не МНР не било известено дека по него има распишана меѓународна потерница. На слобода но без дипломатски пасоши, а со безбедносни сертификати се и преостанатите двајца македонски дипломати кои биле во Ерменија со Миленкоски. Тројката дипломатски извлекувачи од Ереван сега е разделена, еден е во притвор во Врање, вториот е во пензија, а третиот на одмор.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе