Македонија

Недостиг од асистени за лицата со попреченост

Струмичко има потреба од лиценцирани персонални асистенти. Лицата со попречености од овој регион имаат потреба од лични асистенти, но нема доволно обучени лица за оваа работа. Црвениот крст Струмица организира трет циклус обуки на кандидати од целиот регион, и наскоро ќе има  нови 15 лиценцирани лични асистенти.

Од Црвен крст велат дека освен личните асистенти, тие мапирале огромна потреба и за други сервиси за поддршка на граѓаните, како посета и нега во домот. Вакви услуги ќе добиваат жители во две струмички општини: Василево и Ново Село.

Услугата персонален асистент можат да ја користат  лица од 18 до 64 години, со тежок физички хендикеп и слепи лица.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе