Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски ќе се кандидира за нов мандат во оваа скопска пштина на претстојните локални избори на 17 октомври. Јакимовски попладнево на својот фејсбук профил објави дека одлучил да влезе во изборната трка за уште еден мандат.
Противкандидат на Јакимовски од СДСМ ќе биде директорот на скопски Водовод Душко Весковски, а ВМРО-ДПМНЕ уште не го објавил нивниот кандидат.
Јакимовски беше градоначалник на Карпош од 2000-2003 и од 2009-2017.
Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и уште 10 други лица за кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластувања, Бесправно градење и Несовесно работење. Јакимовски, како првообвинет, се товари дека во периодот од 2011-2017 година, како службено лице – Градоначалник, во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. „Тој во текот на 2012 година при спроведување на постапка за јавна набавка склучил и потпишал договор со правно лице, иако знаел дека правното лице нема доставена банкарска гаранциja.
