Македонија Топ вести

Мините на Галичица го отежнуваат гаснењето на пожарот

Галичица гори една недела од македонска страна, од полноќ па досега жителите на охридскиот регион слушнале три детонации од мини од првата светска војна, кои се по сртот на планината и се во делот, каде што огнените јазици зафаќаат трева и нискостебелста шума.

Засега може само немо да се гледа, но не и да се интервенира. Ниту една спасувачка екипа не може да пристапи на теренот, бидејќи не е безбеден  од мини и куршуми кои се останати уште од пред сто години.

Направено е проценка дека и интервенцијата од воздух не е безбедна за луѓето кои управуваат со хеликоптерот.

Кризниот штаб имал стратегија за гаснење на пожарот на Галичица, на терен ќе се активирале спасувачки екипи ако се добилижи до шумата.

Но, оваа стратегија  преминала  во рацете на охридската локална власт, бидејќи земјава од 3 септември веќе не е  во кризна состојба поради пожарите.

Во рок од седум дена слушнати се најмалку 30 експллозии од мини и куршуми. Досега никој не го прочешлал и ги исчистил експлозивните направи, па Ангелов вели дека крајно време е да се направи елаборат и да се исчисти теренот.

За овој пожар имаат индиции дека почнал од албанска страна и е потпален од сточар.

Во моментов гори и во близина на Арачиново, но од Центарот за управување со кризи сметаат дека не е опасен и можат да се справат со него.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе