Македонија Топ вести

Кичеец возел двајца Срби, со скршени коски потпишале дека сакаат да излезат од болница и да се лекуваат во Србија

Зоран Милевски Кичеец е возачот на мерцедесот кој учествуваше во сообракајката а негови сопатници се двајца срби чиј идентитет за сега не се открива.

Според соопштението на МВР се работи за 42 годишен ММ и 51 годишен ПЖ кои имале тешки телесни повреди. Во болницата во гостивар тие ги поминале прегледите, и биле препратени на клиниката за траума во Скопје.

Од таму пак за Телма потврдуваат дека дури еден од нив имал и скршеница на надколеницата, но и двајцата инсистирале да бидат испишани.

Според информациите на Телма тие сакале да се лекуваат во Србија и заминале.

Од обвинителството исто така ја потврдуваат оваа информација, но велат тие не биле задржани во земјава бидејќи се утврдило дека не можат да бидат виновни за несреќата.

Во меѓувреме отворена е истрага за да се утврди виновникот.

Направен е увид на лице место, телото на загинатиот е предадено на обдукција, издадена е наредба за провека на крв и урина, а е наложено да се направи и сообраќајно техничко вештачење, соопштија од македонското обвинителство.

Зоран Милевски Кичеец е осуден на три години затвор во случајот Рекет, а од казната му преостанува уште третина.

Ја отслужува во затворот во Струга, но на слобода бил од 9 ти август откако директорот на управата за извршување санкции му потпишал прекин на казната до 8 септември поради здравствени причини.

Најострите реакции од јавноста беа дека тој слободно се шета и направи сообраќајка – додека треба да е зад решетки, но според законот за извршување санкции вакви погодности се дозволени доколку затвореникот има потврда од лекар.

За опозициската ВМРО ДПМНЕ пак Кичеец е миленик на власта, за кој велат и вчера добил поддршка од припадници на агенцијата за безбедност.

Од АНБ за Телма потврдуваат дека еден нивни припадник се нашол на местотот на несреќата, но случајно. Случајот го истражиле и велат дека тој не бил на службена задача туку приватно со возило се нашол во колоната од застојот па излегол да види што се случува.

Во вчерашната сообраќајка освен возилото на Милевски учествуваа и тетовско БМВ и гостиварски Фургон Сангјонг.

Од последново загина 34 годишен гостиварец сопатник, а петмина беа потешко повредени. од болницата велат дека биле извршени и две операции на скршеници и во моментов пациентите се добро.

Неофицијално, едно од возилата претекнувало и така дошло до директен судир со друго возило од спротивен правец. Кој ја предизвикал несреќата ќе треба да покаже истрагата.

Инаку Зоран Милевски Кичеец призна вина за рекет, во кој беа вклучени и специјалната обвинителка Катица Јанева која е осудена на 7 години затвор и Бојан Јовановски попознат како Боки 13 кој доби 9 години затвор.

На снимката која протече во јавноста токму Кичеец ја носи торбата со 1,5 милиони евра земени од бизнисменот Јордан Камчев, но тој никогаш јавно не проговори а не сведочеше ниту пред кривичниот суд.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе