Галичица гори една недела од македонска страна, од полноќ па досега жителите на охридскиот регион слушнале три детонации од мини од првата светска војна, кои се по сртот на планината и се во делот, каде што огнените јазици зафаќаат трева и нискостебелста шума.
Засега може само немо да се гледа, но не и да се интервенира. Ниту една спасувачка екипа не може да пристапи на теренот, бидејќи не е безбеден од мини и куршуми кои се останати уште од пред сто години.
Направено е проценка дека и интервенцијата од воздух не е безбедна за луѓето кои управуваат со хеликоптерот.
Кризниот штаб имал стратегија за гаснење на пожарот на Галичица, на терен ќе се активирале спасувачки екипи ако се добилижи до шумата.
Но, оваа стратегија преминала во рацете на охридската локална власт, бидејќи земјава од 3 септември веќе не е во кризна состојба поради пожарите.
Во рок од седум дена слушнати се најмалку 30 експллозии од мини и куршуми. Досега никој не го прочешлал и ги исчистил експлозивните направи, па Ангелов вели дека крајно време е да се направи елаборат и да се исчисти теренот.
За овој пожар имаат индиции дека почнал од албанска страна и е потпален од сточар.
Во моментов гори и во близина на Арачиново, но од Центарот за управување со кризи сметаат дека не е опасен и можат да се справат со него.
Викторија Јованова
