Граѓаните што ќе одбијат невакцинирани попишувачи, ќе бидат попишани од вакцинирани лица, тврди премиерот.
Убедува дека е мал бројот на невакцинираните попишувачи и дека ќе се најде решение и за овој проблем, поради кој граѓаните се загрижени.
И директорот на Државниот завод за статистика тврди дека ќе се обезбеди безбедно попишување, но се бара совест и од граѓаните.
Пописот почнува во недела наутро, во ек на третиот бран на корона вирусот.
Сите 50 пописни комисии се екипирани, а во деновите до пописот се прават дополителни обуки, но и планови за попишување.
Секој попишувач, заедно со својот реонски инструктор, треба да направи план на движење низ пописниот круг.Попишувањето ќе трае до 30 септември.
Далиборка Демјанска
