15 векови пркоси на атмсферските влијанија, но затоа 30 години провејува во историјата на политичките кампањи. Во 2018 –та негова реставрација најавија тогашниот министер и Градоначалник на Скопје, година подоцна пред вековвниот монумент збор даде и премиерот, а денеска министерската за култура Ирена Стефоска најави конечна обнова на скопскиот Аквадукт. Тајмингот не политички и предизборен туку почеток на долгогодишни заложби и законски зимени.
Планот за реставрација засега нема цена на чинење. Има почеток, но не се набавени цевките за одведување на подзмените и атмосферските води за да почне првата фаза.
Аквадуктот во Скопје е ставен под заштита во 1952 година, одлука обновена 1967-та, а дури овој април на предлог на управата, владата го прогласи за заштитено културно наследство.
Од другата страна, пак, на реката Вардар, никна идеја за проект. Стара, но обновена во предизборието. Неколку тараби, тампониран приод, прес со медиуми, посета на премиерот, но денеска таму нема никакви градежени работи. За проектот сведочи поставената табла за иневститорот и инфорамцијата од Град Скопје дека градбата ќе започне дури од месец декември а ќе заврши за година и половина.
Пaвле Беловски
