Македонија

Судовите и обвинителствата ќе се подмладат дури на есен, но наредната година

Хроничниот проблем со недостаток на судии во основните судови во земјава и годинава ќе се решава со реорганизација и поголем број на предмети кај еден судија. Во помалите какошто се Виница или Берово, каде што има еден или ниту еден им се делегираат судии од поголемите судови. Истиот проблем го имаат и обвинителствата, Крива Паланка нема ниту еден обвинител. Во моментов нема завршени академци за судовите и обвинителствата, летово се распределени последните шест. Новата генерација се чека за една година.

Испразнети останаа местата и во штипска Апелација, каде се разрешени неколку судии, во Основниот пак недостасуваат тројца, а покритично ќе биде наредната кога во пензија заминуваат уште тројца. Според претседателот на штипскиот Основен суд, Ѓорѓи Андонов проблемов може да се реши со квоти при уписот на Академијата и кандидатите да наведат за кое Апелациско подрачје конкурираат.

На тој начин секое апелациско подрачје би имало сознание на колку судии може да смета и колку ќе бидат избрани од дипломираните академци. Вака постои опасност  со сегашното законско решение, што често се случува во пракса, кандидатите со едно место на живеење да бидат избрани во друго, иако судовите во нивното апелациско подрачје немаат доволно судии, вели Ѓорѓи Андонов, претседател на Основен суд Штип.

Министерот за правда на јавното обвинителство му порача да побара повеќе пари од буџетот за наредната година, со цел да не трупа долгови кон Бирото за судски вештачења, поради што се одлагаат и судски постапки. Ковид кризата ги натера судовите да се модернизираат, за една година ќе се дигатализираа 200 судници низ земјава, како и судницата во затворот Идризово, онлајн ќе можат да се следат судските постапки.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе