Свет Топ вести

Извонреден успех- оценка на Бајден за мисијата во Авганистан

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа ја оцени мисијата за евакуација на Американците и сојузниците од Авганистан како извонреден успех.

– Ниту една земја во историјата не постигнала вакво нешто. Извонредниот успех на мисијата се должи на неверојатниот талент, храброст и несебичност на американската војска, нашите дипломати и нашите разузнавачки експерти, рече Бајден во свечениот говор во Белата куќа.

Според него, САД остануваат решени да ги евакуираат Американците кои останаа во Авганистан, чиј број се проценува помеѓу 100 и 200.

Бајден ја бранеше одлуката за напуштање на Авганистан, наведувајќи дека САД немаат друг избор освен „да заминат или да дојде до воена ескалација“.

– Имавме само едноставен избор. Или следете ја обврската на претходната администрација и да го напуштиме Авганистан, или да кажеме дека не заминуваме и да испратиме десетици илјади војници назад во војна, рече тој.

Бајден додаде дека немал намера да ја продолжи „вечната војна“ или да го продолжи „вечното повлекување“ од Авганистан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе