Македонија Топ вести

Средношколците од Тетово, Гостивар, Струга и Кичево новата учебна година ја започнаа онлајн

Средношколците од четири града во нашата земја новата учебна година ја започнаа онлајн. Во Тетово и во Гостивар ваков тип на настава ќе се спроведува 14 дена, додека во Струга и во Кичево 7. Оваа одлука ја донесе Влада поради лошата епидемиолошка состојба, а нови мерки ќе има согласно развојот на состојбата со пандемијата. Основците, пак, ќе учат со физичко присуство.

Наместо во училница, средношколците од Тетово првите две недели ќе имаат настава на далечина. Поради лошата епидемиолошка состојба 14 дена онлајн настава ќе се одржува и во средните училишта Гостивар, додека во Струга и Кичево во првите 7 дена. Откако ќе заврши овој период, ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата.

За основците, пак, учебната година започна со физичко присуство. Од Секторот за јавни дејности при општина Тетово информираат дека иако мал дел од учениците не дошле поради стравот на родителите, сепак првиот ден во сите училишта поминал без проблеми.

Наставата со физичко присуство во основните училишта ќе се одвива по утврдените здравствени протоколи и мерки за заштита.

Од Општина Тетово велат дека постојано ќе ја следат состојбата и ќе се прават соодветни анализи, а според одлуките на здравствените власти тие се подготвени и за промена на образовниот модел, односно за одржување комбинирана или настава на далечина.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе