Во 9 часот изутрина на пешачка уличка која излегува на булеварот „Мкедонско-Косовска бригада“ скопајнецот Ејуп Бислими минувал сам. Од зад грб му се доближил напаѓачот и во него испукал неколку куршуми. Тетеравејќи се Бислими не успеал да стаса до бензиската во близина и починал на зеленилото на булеварот. Вработените во околните деловни објекти пријавиле пукање и жртва која лежи, но не виделе напаѓач кој бега. МВР ја констатираше смртта на Бислими, ги најде чаурите од испуканите куршуми, но се уште трага по убиецот и по мотивите зад убиството во сред бел ден.
Денеска во 09.12 час. пријавено е дека во населба Топанско поле било пукано во Е.Б., кој починал од повредите .Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Бислими се движел по пешачката улица која води кон булеварот „Македонско-Косвоска бригада“, по благата угорница. Убиецот поитал и стрелал во Бислими пред тој да се испречи на фреквентниот булевар. Вработените во околните објкети чуле, но не виделе ништо.
Убиството се случило во близина на семафорите во правец кон улицата Џон Кенеди од каде истражителите и обвинителите ги собрааа доказите, но трагите останаа да сведочат за ликвидацијата на Бислими. Иако тој е непознат за околните жители, полицијата го евидентирала и порано како сторител на кривично дело. Бил суден и осуден бидејќи признал дека нелегално поседува оружје, но утрово не потегнал пиштол, бидејќи не носел со себе.
Пaвле Беловски
