Вести Македонија Најважни

Слетување на Авганистанци пречекани со играчки за 20-те деца бегалци и омраза на социјалните мрежи

На скопскиот аеродром првпат слета авион на авганистанската компанија „Кам ер“. Донесе 149 не патници туку бегалци кои за првпат доаѓаат во Македонија. Долетаа од Кабул преку Тбилиси во Грузија. На авионскиот лет имаше 20 деца под 14 години и 5 бремени жени. Авионот, прва со семејството, го напушти жена во 39-тата недела од бременоста. Блиску до породување кое ќе и се случи во бегалство, но сама го изоде патот до амбулантата на Итна помош.

Здраво машко бебе роди бегалката од Авганистан

Синот на бремената жена доби играчка од министерот Бујар Османи кој ги пречека бегалците на аеродром, но тој момент не може да се види од останатите членови на делегацијата збутани на минимално растојание околу луѓето кои излегуваа од авионот. Сите деца добија подароци, а според пописот во авионот имало 78 бегалци од женски пол и 71 од машки пол. 55 од нив се малолетни. Шефот на дипломатија за сите вети здравствена грижа.

И додека патниците од Авганистан се симнуваа по скалите за да се качат во аеродромските автобуси, на социјалните мрежи каде се вршеше пренос од дочекот, имаше и пораки за сочувство и добредојте, но имаше поплава од омраза, ксенофобија и навредливи мисли „бегалците да се вратат назад“. Дочекот сепак беше исполнет со порака за солидарност.

Од утрово почнува да им тече 90-дневниот период од издадената виза. Период од три месеци во кој западните држави треба да им ги одобрат заминувањето таму по привремениот престој во Македонија.  Додека поминуваа покрај новинарските екипи, некои ни отпоздравија. Волонтери на Црвен крст ги прифатија и ги носеа кон хотелот на влез во Скопје, а за некои од нив тоа ќе биде прво сместување во соба откако со денови на отворено чекале лет за спас на аеродромот во Кабул.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе