Бројките на новозаболени полека се намалуваат, покажува анализата на Институтот за јавно здравје, „Ро“ факторот на преносливост падна под еден, и овој тренд ќе продолжи согласно искуствата од претходните три брана на епидемијата на коронавирусот најавуваат здравствените власти.
Според официјалните податоци, минатата недела се регистрирани 6.361 новозаболен во 35 града низ државата што е за 7 отсто помалку споредено со неделата претходно кога беа регистрирани 6.768 нови случаи.
Најмногу новозаболени има во Скопје – 2.478 а највисока инциденца е регистрирана во Кичево – 456 заболени на 100 илјади жители.
Повторно најмногу новозаболени има кај популацијата над 60 години. Еден од четворица позитивни случаи мнатата недела биле токму лица на возраст од над 60 години или 1.599 граѓани односно 25 отсто. Зголемување на заболени има и кај возрасната група од 40 до 49 години, додека кај сите останати е регистриран тренд на намалување.
Минатата недела 199 пациенти починаа поради компликации предизвикани од коронавирусот. 138 лица или 70 отсто се на возраст од над 60 години но најмладата жртва имаше 24 години а починаа и неколкумина кои беа во своите рани триесетти. Најманогу починати има во Скопје – 64, Тетово – 42 и Гостивар – 27.
Во последните седум дена пријавени се 80 случаи каде пациенти кои го прележале вирусот повотрно се заразиле , што е речиси двојно повеќе споредено со претхониот период а од почетокот на епидемијата бројката на реинфицирани пациенти е 431 од кои еден пациент е бил позитивен по трет пат.
Во моментов хоспитализирани се 1.124 лица од кои над 800 се на килородна поддршка а 43 се приклучени на вентилација. Министерот Филипче нагласи дека лекувањето на заболените пациенти зависи од клиничката слика.
Досега прва доза вакцина примиле 722 илјади граѓани а целосно ревакцинирани се 525 илјади.
Гледано по градови најголем процент на вакцинирани барем со една доза има во Кавадарци и Неготино – 61 отсто и во Охрид 59,3 отсто. Најслаб одзив е во Гостивар 29,6 отсто, Дебар 30 отсто и Куманово – 33,2 отсто.
Огнен Чанчаревиќ
