Државната изборна комисија соопшти дека вкупно добила 42 барања за измена во избирачкиот список откако е отворен за проверка од страна на граѓаните. Најмногу има барања за впишување на гласачи, но има и 15 барања за бришење на избирачи.
ДИК соопшти дека: Заклучно со 29.08.2021 до 21:00 часот вкупно 8791 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 18 барања за запишување во избирачкиот список, 15 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 9 барања за измена на податоците во избирачкиот список. Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 25 барања.
Проверката продолжува до 9-ти септември, а Телма веќе објави детали за починати или разузнавач со двоен идентитет кои се уште ги има на избирачкиот список.
На списокот се починатиот српски актер Бекјарев, контроверзниот ирански бизнисмен Реза Сараф, семејството на Субрата Рој, но и познати македонски бегалци од законот.
