Митко Јанчев како кандидат на ВМРО ДПМНЕ ќе бара уште еден мандат од Кавардарчани. И покрај различните ставови во изминатиот период и несогласувањата со раководството, партијата одлучи да застане позади него упатувајќи порака дека е време за обединување. Објавени се и имињата на уште 9 нови кандидати , а за Аеродром, Карпош и Битола во тек се внатрепартиски алкулации.
Изборот на Митко Јанчев за кандидат за градоначалник на Кавадарци е показател дека е дојдено времето за обединување на ВМРО ДПМНЕ, велат од партијата . И покрај спротиставените ставови и несогласувања кои Јанчев ги имаше со раководните структури во изминатиот период за кои тој јавно говореше партијата сепак одлучи да застане позади неговата канидатура затоа што мнозинството граѓани биле задоволни од неговото досегашно работење.
ВМРО ДПМНЕ: Кавадарчани одлучуваат за Кавадарци.Сметаме дека во ВМРО ДПМНЕ е дојдено време за обединување на сите оние кои мислат дека државата се движи во погрешна насока.За разлика од СДСМ каде различните ставови значат недавање можност за учество во локалната трка, ВМРО ДПМНЕ има поширок пристап а Митко Јанчев е показател за тоа обединување.
ВМРО ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници во уште 9 општини межу кои ресен, Делчево, Крушево, Кратово и други.За Аеродром, Карпош и Битола партијата се уште нема утврдено канидат и се прават внатрепартиски калкулации.
СДСМ тврди дека со вака предложените канидати, ВМРО ДПМНЕ ќе доживее пораз на локалните избори.
ДУИ официјална промоција на кандидатите ќе има на 4 септември. На локалните избори во најголем број општини одат со актуелните градоначалници.Струга-Рамиз Мерко, Кичево-Фатмир Дехари, Дебар-Хекуран Дука, Чаир –Висар Ганиу. Алијанса на Албанците и Алтернатива најдоцна до крајат на неделава ќе ги соопштат имињата на кандидатите додека БЕСА најави дека на изборите ќе настапи самостојно .
Кандидатурите за градоначалници и за советници треба да се поднесат до опоштинските изборни комисии најдоцна до 11 септември. ДИК информира дека досега се собрани потписи за 18 независни канидати за градоначалници и 38 за советнички листи.
Јулијана Пешевска
