Македонија Најважни

Петар Арсовски: Ќе се кратат гласови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ а независните листи и кандидати ќе ги ловат и неопределените

Поранешни партиски функционери зад независни кандидатури и советнички листи не се трета опција која ја очекуваат граѓаните, туку само голем удар за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ пред локалните избори. 60-тината најавени нови и независни опции пред локалните избори веќе добиваат партиска боја оценува политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Според него ваквиот тренд не може многу да промени, бидејќи во вториот круг секако победува оној кандидат со повеќе гласови, а колицирањето за советите ќе се случува постизборно.

Проблемот според Арсовски ќе се случи пред наредните парламентарни избори со оценка дека ваквата поделба на гласовите ќе го искомплицира процесот за формирање идна влада.

Сепак, според Арсовски ретки се кандидатските листи кои се партиски необоени и на овие избори се случува истата внатрепартиска борба на поединци со партијата кои не ја добиле поддршката, па се надеваат дека можат самостојно да освојат победа.

Фактот што повеќето независни листи произлегоа од лица од СДСМ, за премиерот не значи незадоволство од партијата, туку демократија. Во таков демократски амбиент според државната изборна комисија 38 совeтнички листи ги собрале потребните потписи, а уште 26  работат на собирање до крајниот рок, 11 септември на полноќ. За градоначалници без партија зад себе ќе се борат засега 18 кандидати, а 15 се во процес на собирање на гласовите. Засега Чунчер Сандево води со три пријавени кандидатури и уште толку советнички листи заедно со Град Скопје.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе