Вести Македонија

Чучер Сандевци со најмногу независни листи

Чучер Сандево, општината сместена на падините на Скопска Црна гора е една од најмалите општини во Македонија, но со најголем интерес за локални функции. Нејзините жители,  8.493 –ца на број, четири дена пред крајниот рок, собраа потписи  за шест независни листи за претстојните локални избори. Тројца кандидати ќе се борат за градоначалничкото место, а ќе има и три независни листи за советници. Веднаш по нив е општина Охрид, каде досега се собрани потписи за еден кандидат за градоначалник и три советнички листи. До вчера се собрани потписи за 32 независни листи низ цела Македонија, а се` уште се собираат за уште 33 листи. Голем интерес за независни листи има во Кочани, Кавадарци, Прилеп, Македонски Брод. За град Скопје се собрани потписи за Ана Петровска, кандидат за градоначалник и за советничката листа на Драгана Велковска. За Данела Арсовска се` уште се собираат потписи.

Независни листи има и во останатите скопски општини, Илинден, Карпош и Центар.Но, меѓу нив нема да биде и досегашниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ. За Телма вели дека не му паѓа на памет да се кандидира како независен и се` уште ја чека крајната одлука во партијата, дали повторно ќе биде кандидиран. За претседателот на општинскиот одбор во Центар, Горан Герасимовски, кој се спомнува како можен кандидат, се` уште не е потврдена кандидатурата.

Фактот што повеќето независни листи произлегоа од лица од СДСМ, за премиерот не значи незадоволство од партијата, туку демократија.

Заев негира дека во владејачката коалиција постои раздор, откако од БЕСА одлучија да одат сами на избори и им порачаа на СДСМ, да не им се мешаат во битката со ДУИ. Тврди дека, договорот на коалицијата на СДСМ, ДУИ, БЕСА, ДПА и малите партии е, во вториот круг  заедно да го поддржат кандидатот кој ќе добие најмногу гласови во првиот круг, без разлика од која партија е.

Од опозицијата се сомневаат дека ова е некоја игра на коалиционите партнери .

Кандидатските листи се` уште не се целосни ниту во ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и помалите партии. Рокот за поднесување истекува на 11 септември.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На плажа во Дојран пронајдена и отстранета артилериска граната од Првата светска војна

Tea Dimkovska

САД повторно го нападна Иран иако беше најавено дека ќе имаат билатерална средба

Tea Dimkovska

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе