Вести Македонија Најважни

Филипче: Се зголемува интересот за вакцинација кај помладите

Пунктот за вакцинација во малата сала во СЦ Борис Трајковски од рано утрото започна со работа. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да го направат тоа без закажан термин. Во останатите поликлиники во Скопје и во сите други пунктови низ државата продолжува да се одвива вакцинација и ревакцинација на граѓаните.

Еден дел од тимот лекари и медицински сестри и волонтери од Црвениот крст од повеќе пунктови во здравствените домови во Скопје од денеска функцинираат и работат тука со цел да се зголеми пристапот до вакцините имајќи го предвид големиот интерес што го има кај граѓаните по воведувањето на новите мерки и препораки, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

На територијата на целата држава, нагласи, вакцинацијата добро се спроведува одличен е просекот на граѓани кои се јавуваат секој ден некаде над десеттина илјади и со тоа вкупниот број граѓани кои се сега вакцинирани со најмалку една доза се близу 700 илјади, од кои 510 илјади се ревакцинираи.

Она што е карактеристично и интересно е тоа што во последниот период значајно расте интересот за вакцинација на помладите граѓани, особено од 18 до 40 години и сега таа бројка изнесува 170 илјади вакцинирани граѓани, што според анализите е 26 проценти од вкупно население во тие возрасни групи, рече министерот Филипче.

Тој смета дека можеби вакцината против коронавирусот ќе стане и сезонска и оти ќе биде потребна и трета доза за што, според него, зборуваат и голем број студии. Кај нас се разгледуваат студиите и искуствата, нагласи, но веројатно е дека практично целиот свет ќе оди во таа насока. Сега се разгледува по кој период од ревакцината треба да се прими третата доза и дали треба да биде од ист или различен производител.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На плажа во Дојран пронајдена и отстранета артилериска граната од Првата светска војна

Tea Dimkovska

САД повторно го нападна Иран иако беше најавено дека ќе имаат билатерална средба

Tea Dimkovska

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе