Вести Македонија

Министрите денеска ги почитуваа протоколите за јавни настани

По вчерашната сторија на Телма во која предочивме дека министри не го почитуваат протоколот за јавни настани во отворен и затворен простор, денешните прес- конференции беа видливо со поинаква слика.

За изјавите од сите настани што ги проследивме во Скопје, беа обезбедни пропишаните услови, меѓу кои и пулт за микрофони со што се обезбедува потребната дистанца и безбедни услови за медиумските работници. Протоколот со кој ова се регулира беше донесен на инсистирање на новинарските асоцијации. Министрите, премиерот и градоначалниците ги почитуваат протоколите, носење маска и дистанца и во неформалниот дел од нивните денешни настани пропишани со протоколите за заштита  од Ковид 19 што сами ги изгласаа во Владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На плажа во Дојран пронајдена и отстранета артилериска граната од Првата светска војна

Tea Dimkovska

САД повторно го нападна Иран иако беше најавено дека ќе имаат билатерална средба

Tea Dimkovska

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе