Два нови пункта за вакцинација утре започнуваат со работа во Тетово. Покрај досегашните во салата на Медицинското училиште и во Здравствениот дом, граѓаните ќе можат да се вакцинираат и во новите простории на Музејот и во клиниката во село Порој. Токму имунизацијата на населнието во моментов е приоритет во борбата и справувањето со Ковид 19 на тетовскиот Кризен штаб, кој заседаваше по вторпат неделава. Заменик министерот за здравство, Илир Хасани, кој присуствуваше на состанокот вели дека Тетово порано го доживува пикот на четвртиот бран.
Кризниот штаб со барање до здравствените власти учебната година да започне онлајн, а потоа да продолжи со физичко присуство. Дополнително е одлучено сите вработени во образовните институции да приложат сертификат за вакцинација, со исклучок на лицата кои имаат медицинска потврда или континуирано да доставуваат негативни тестови.
Инаку, во изминатото деноноќие во Клиничката болница во Тетово имало 5 починати лица по компликации од ковид 19, 208 амбуланстки прегледи и 14 нови приеми. Вкупно се хоспитализирани 121 пациент, од кои 6 се вакцинирани со една, додека 5 со две дози.
Данијела Билбилоска
