Петмина хоспитализирани пациенти ја изгубиле битката со Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа во Ковид центарот во тетовската болница.
-На лекување во болничките одделенија примени се нови 14 болни лица, а вкупно има 121 хоспитализиран. Од задржаните вакцинирани со една доза се шест лица, а со две вакцини пет луѓе, информира д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот Ковид центар.
Во амбулантите прегледи и контроли за 24 часа побарале вкупно 208 луѓе.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
