Денеска повторно се отвара СЦ Борис Трајковски за вакцинација, овојпат малата сала каде граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да дојдат без покана или претходно пријавување. Во текот на денот во државата ќе биде помината бројката од 700.000 вакцинирани најмалку со една доза, (вчера на крајот на денот таа бројка изнесуваше 695. 525)
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, објавија од Министерство за здравство, а во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани 13.303 граѓани.
-Вкупно се аплицирани 1.207.515 дози вакцини, а ревакцинирани се 511.989 граѓани.
-Вчера вкупно се вакцинирале 13.303 граѓани.
-Прва доза вакцина вчера примиле 9.123 граѓани.
-70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
-69% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
-65% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.
-56% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.
МЗ повтори дека „Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.“
