Вести Македонија

780 е бројот на Авганистанци за згрижување, ќе се сместуваат во хотели во скопски предградија

Постојано ги најавуваат, но авионите со загрозените Авганистанци никако да стигнат до Скопје поради лошите безбедносни услови на аеродромот во Кабул. И денеска беа првин закажани два,па потоа откажани летовите кон Скопје. Од владата соопштија повеќе детали за вкупната бројка, а министерката Шекеринска рече дека државата ќе биде солидарна со паталците од Авганистан и дека нема ништо да се крие од македонските граѓани.

Во одбрана има и друго барање, помош од стручни лица кои ќе треба да заминат во НАТО базите да им помагаат на бегалците кои ќе бидат извлечени од Авганистан. Станува збор за широка хуманитарна операција низ цела Европа, вели министерката.

Македонија веднаш понуди згрижување на луѓе од Авганистан кои би можеле да бидат загрозени од новите талибански власти. Но спасувачката операција се одложува поради постојаните крвави инциденти на аеродромот во Кабул- единствено место за успешно бегство од талибанците.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе