Лажните вести, антиваксерското расположение и кампања но и критичниот период кој следи е причината поради коа Владата од денеска лансира национална кампања за масовна имунизација на населението. Целта на владината кампања е да го информира населението за придобивките од вакцинацијата како начин на заштита, да ја зголеми свеста но и борба со лажните вести. Вакцинацијата е единствен начин да се победи коронавирусот а вакцините се безбедни, потенцираат премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
Болниците се полнат со пацинети, бројката на хоспитализирани е над 700, а министерот Венко Филипче е убеден дека здравствениот систем ќе се справи со овој бран.
Премиерот и министерот стојат на ставот дека постоечките мерки се издржани и даваат резултати и покрај противењето на угостителите и дел од јавноста. Можноста за бесплатен брз тест на граѓаните пред влезовите во трговските центри и угостителските објекти била отфрлена поради евентуалните гужцви и опасноста од ширење на вирусот.
На помалку од десет дена пред стартот на учебната година која ќе биде со физичко присуство на учениците, 65 отсто од наставничиот кадар е вакциниран. Можност за бесплатно тестирање на учениците како што е во некои држави во светот сеуште се анализира.
Процентот кај здравствените работници е нешто повикот и изнесува 75 отсто, а Филипче уверува дека сите здравствени работници кои работеле или работата со ковид пациенти се вакцинирани.
Микробиологот Пановски смета дека за дел од здравствените работници кои работат со ризични категории на пациенти мора да бидат целосно вакцинирани
Според официјалните информации на здравствените власти досега се аплицирани над 1,1 милион вакцини. Вакцинирани се 652 илјади граѓани а половина милион граѓани ја добиле и втората доза.
Огнен Чанчаревиќ
