Вкупно 60 полицајци пред две децении станале припадници на ЕБР и денеска заедно со единицата го прославија јубилејот 20 години на ЕБР, нивните имиња беа прочитани пред присутните гости.
На јубилејот им беше оддадена почит на сите загинати припадници на ЕБР кои животот го дале извршувајќи ја службената должност. Последните жртви од оваа единица се загинатите во Диво Насеље.
Претставниците на МВР и на владата кои беа присутни им се заблагодарија на припадниците на оваа специјална единица за учество во гаснењето на пожарите.
ЕБР беше формирана во август 2001-ва.
