Состојбата со новиот бран од пандемијата станува критична, болниците во Скопје се полни со КОВИД пациенти, па од денеска ќе се отвораат нови капацитети, за да се прифатат пациентите не само од главниот град, туку и од внатрешноста, каде веќе нема слободни болнички кревети. Здравствените каработници веќе ги прекинуваат годишните одмори за да се вклучат во КОВИД-центрите кои повтроно активираат. Најдраматично е во болницте низ градовите каде има помал опфат на вакцинација.
Преоптеретени се болниците во Тетово и Гостивар, делумно во Кичево и Струга. Тука е исполента Инфективанта клиника, Модуларната, Институтот за туберкулаза. Од денеска почнува да работи и болницата во Козле, каде има 120 кревети со централен довод на кислород. Ние континуирано сме во комункаицијата со директорите на тетовската и гостиварската болница, на секој пациент кој што му е потребно болничко лекување го праќаат тука, вели министерот Венко Филипче.
Филипче вели дека големиот број на починати се должи на тоа што повеќето пациенти доцна доаѓаат во болница, со намалена сатурација, а голем дел од нив имаат и хронични болести, не биле вакцинирани. Помалку од 8 проценти од сите кои ја изгубиле битката со вирусот биле целосно имунизирани. Запрашан зошто и граѓаните кои прележале КОВИД-19 треба да се вакцинираат после 45 дена, иако има спротистваен ставови на експертите, министерот вели дека пандемијата нема да запре додека не се стекне колективен имунитет со вакцинација. Вели дека светските статистики потврдуваат дека поголем е бројот на оние кои прележале и повторно се заразиле, отколку заболени вакцинирани. Категоричен е дека мерките се донесени според релевантни студии.
Има јасни препораки дека приородниот имунитет се намалува со тек на време и вакциналниот е оној кој е потраен. Амеркиканскиот центар за контрола на болести тоа го кажува, СЗО тука го кажува. Според препораките на ЦДЦ, дури и десет дена после тестирање кај асимптоматски случаи се препорачува вакцинација. Сите препораките одат кон тоа за што пократко време луѓето да се имунизираат, вели Филипче.
Тој најави дека веќе од следната недла повторно се отвора вакциналниот пункт во спортскаат сала Борис Трајковски, затоа што, со спроведување на новите рестриктивни мерки, интерсот за вакцинација секој ден е се поголем. Досега 650 илјади граѓани примиле барем една доза вакцина,а вкупно с еревакцинирани половина милјон.
„Имајќи го предвид притисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20-тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови, рече министерот Филипче.
За критиките упатени од претседателот на комисјата за заразни болести, Жарко Караџовски, дека власта не ги послуша нивните препораки и мерките се задоцнети, Филипче повтори дека фокусот е на вкацинацијата и само на тој начин може да се спречи пандемијата. Ја повика и опозицијата, како сериозен фактор во општеството со голем број партиски членови, да апалеира за што помасовна имунизација.
Емилија Мисирлиевски
