Вести Македонија Најважни

Во полошко се поголем број на лица кои не ги почитуваат решенијата за изолација

И вчера 12 лица во полошкиот регион со решенија за изолација не биле пронајдени дома при полициската контрола. 10 од нив се од тетовско и 2 од гостиварско.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека досега се регистрирани вкупно 101 случај на непостапување според здравствени пропис за време на епидемија. Полициските службеници откако ќе утврдат дека лицата не се дома, најчесто добиваат информации од соседите дека отпатувале надвор од државата, во други земји во кои престојуваат или работат.

Од МВР велат дека не можат да потврдат колку лица ја напуштиле државата затоа што не водат таква евиденција.

МВР не води евиденција за тоа колку лица на кои им била определена мерка изолација и самоизолација ја напуштиле државата, од причина што полициските службеници единствено преку контролите во домовите на овие лица може да утврдaт дали тие ја почитуват забраната согласно евиденцијата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Системот на МВР е централизиран и ги содржи податоците за контрола на патници и возила и не e во корелација со ДСЗИ“, велат од МВР.

Токму недисциплината на граѓаните доведе во овој регион да има голем број заразени со коронавирус. Здравствените власти, засега не планираат дополнителни мерки кои ќе важат на локално ниво.

Граѓаните, пак, бараат постоги мерки.

И медицинските лица велат дека треба да се воведе карантин за да се спречи динамиката на ширење на вирусот. Апелираат и на поголема лична одговорност до граѓаните во однос на носење маски, одржување дистанца и хигиена, но и вакцинација.

Данијела Билбилоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе