Вести Македонија

Граѓаните ќе може да ги подигнат новите лични карти веќе од понеделник

Граѓаните ќе може да ги подигнат новите лични карти веќе од понеделник, а Министерството за внатрешни работи ќе почне да ги печати откако Владата на вчерашната седница со подзаконски пропис овозможи непречено да продолжи печатењето и издавањето на личните документи. Службите од денеска почнаа со интензивна работа, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните и што поскоро да ги добијат личните документи, велат од МВР. Новите лични карти ќе бидат со ново уставно име „Северна Македонија“. Законот за личните карти е заглавен во Собранието и е блокиран од опозицијата со повеќе од 1.500 амандмани. Поради блокадите со проблем се соочија околу 40 илјади граѓани.

Во пресрет на пописот од Државниот завод за статистика информираа дека нема да има проблем да бидат попишани, бидејќи за нив матичниот број е важен, кој пак може да се потврди и преку други лични документи. Инаку банките веќе им дозволија на граѓаните да вадат пари од нивните сметки и да вршат трансакции, приложувајќи пасош или потврда од МВР дека се во процедура за вадење нова лична карта.Старите лични карти на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Кочанчанец го фатиле со дрога па потоа на дрзок начин преку прозор побегнал од полициската станица

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе