Македонија Топ вести

Дванаесет лица отишле од државата иако имале решенија за карантин

Полицијата во контролите што ги спроведува за почитување на заштитните мерки, открила повеќе прекршоци. Во текот на вчерашниот ден на 27 лица од Тетовско и 15 лицa од Гостиварко изготвени им се соодветни поднесоци за неносење заштита на лицето.

За дванаесет лица е утврдено дека и покрај решенијата за изолација, тие го напуштиле домот и отпатувале во странство.

Според СВР Тетово, вчера полициски службеници во рамки на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно осум лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Чајле, Мало Турчане и Велебрдо, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.

Вчера и завчера (18/19 август), исто така, било утврдено дека четири машки лица од Тетово на возраст од 28 до 54 години, со решенија за изолација ја напуштиле земјата. Против сите лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе