Вести Македонија Најважни

(видео) Безбедно се вратија уште 30-тина наши граѓани од Авганистан

31 македонски државјани вечерва пристигнаа на скопскиот аердором од воената база во Кабул.  По нивната евакуација од Авганистан беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, а по успешниот трансфер во Истанбул, вечерва пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Се заблагодарија на брзата реакција на македонското МНР. Велат дека благодарение на добрата организираност на американската војска на аеродромот во Кабул нивните животи не биле загрозени, и безбедно се вратиле дома. Сепак, не сакаа да зборуваат за траорните сцени и пукотниците од талибанците на кои сведочеле при нивниот транспорт до аеродромот во Кабул.

Ова е втората група на македонски државјани кои се евакуирани од Авганистан, и според МНР во Авганистан нема останати цивили кои чекаат да си дојдат дома.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе