Македонија Најважни

МВР не се враќа на стариот систем – нови лични карти кога ќе се изгласа законот во Собрание

МВР знаеле дека законот за лични карти не е изгласан од пратениците и го прилагодиле софтверот за печатање со новото име на државата. Десетици илјади граѓани од 5 јули навака останаа без документ за идентификација заради лоша кординација или планирање, реагираат експерти и познавачи на законите.

МВР стравува од одговорност ако почне да издава лични карти со стартото име. Велат дека го испочитувале рокот од 1 јули да отпочне печатењето со новото име на државата предвиден со уставните измени согласно Преспанскиот договор. Вложиле државни пари во промена на софтвер и набавка на документи и сега нема назад. Одлука која освен експертите ја критикува и опозицијата.

Проблемот пред банките се реши со одлука потврдите за барање за лична карта да важат на шалтерите. Граѓаните пристапија до своите сметки, но не можат да завршат да ги планираат другите деловни потфати и обврски. Владеачката партија вината ја бара во опозицијата во Собранието.

Законот за лични карти заглави во Собранието и за него се поднесени 1.500 амандмани, бидејќи според „Левица“ етничката прапидност во личната карта е спротивна на европските укажувања. Изборите се наближуваат а пратениците ќе имаат помалку од 2 недели да ја совладаат блокадата и да го донесат законот, пред да оди на пуаза Собранието заради локалните избори.

Засега политичкиот врв не излезе со решение како да се надмине проблемот на граѓаните, но и да се стаса рокот од 5 години за промена на документите со новото име на државата, обврска која е условена од уставните измени и преспанскиот договор.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе