Драстично намален промет помалку од 30% во однос на минатите две недели, период кој и онака не беше задоволителен, реагираат угостителите. Се откажуваат и закажаните свадби, имајќи го предвид малиот број на вакцинирани гости кои претходно биле планирани за веселбите. Туристичко угостителската комора со свои предлози до Владата за измена на мерките кои стапија на сила пред два дена.
- Сметаме дека треба да се создаде можност за влез и на лицата кои прележале Ковид 19 во изминатите 6 месеци или кои ќе приложат резултат од негативен ПЦР тест или антиген тест. На ваков начин повторно се внимава на заштита на здравјето, но се создава дополнителна можност за да не бидат изолирани лицата кои не се вакцинирани, а сепак имаат стекнат имунитет или со тест докажуваат дека не се носители на вирусот- Мартин Ангеловски, потпретседател на Комората.
Забраната за организирање на вакви настани не значи и забрана за организирање на истите во приватна режија, во викендици, на отворено или на други места каде тоа можат да го сторат граѓаните, реагираат угостителите. Тие го повторија своето барање до Владата кои го доставија уште на почетокот на кризата со пандемијата.
- Целосно укинување на оваа одлука затоа што во моментов државата не е подготвена за процесирање и спроведување на ваков начин без соодветна законска регулатива во која точно ќе се прецизира работата и ќе имавме доказ дека повеќе од 50 % од населението е имунизирано- Здравко Јосифовски, претседател на НУК.
Спроведување и почитување на мерките без исклучоци затоа што има угостителски субјекти кои не ги почитуваат мерките и истите не се соочуваат со последици, реагираат од Туристичко угостителската комора. Во однос на мерките кои се однесуваат на туризмот, кои предвидуваат за влез во државата, покрај сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест, туристичките агенции предлагаат да се одбере и можност од седум дневна изолација, која може да биде прекината по приложен негативен тест или антиген тест уште во наредните 24 часа.
Во меѓувреме и културните институции се координираат како ќе се контролираат протоколите. На денешниот состанок директорите на театрите со министерката за култура Стефоска предложиле досегашните мерки да продолжуат, сепак доставиле и свои предлози за претстојната сезона во септември и октомври за работа на театрите.
- Секој што организира фестивал, театрите кои имаат настани и фестивали во моментов се на ставот да подготват една поинаква уредба која што ќе се провери на Комисијата за заразни болести и министерката Стефоска тоа да биде веќе кога се бараат сертификати тој процент на влез на публика да биде поголем, со 50 или 70 проценти, во зависност кој каков фестивал ќе прави надвор на отворено или на затвотрено-Несрин Таир, директорка на Турски театар.
За сега остануваат истите мерки со капацитет 30 проценти, со тоа што на влезот би требало да се покаже сертификат за имунизациција.
Нина Стефанова
