Ковид19 Македонија Топ вести

Повеќе забави, но и интерес за вакцинирање пред воведувањето на новите антиковид протоколи од понеделник

Ова видео е од днодневното издание на „ Д фестивалот“, кој синоќа започна во Дојран.Како што може да се види од него, стотици млади луѓе се забавуваат без да го почитуваат меѓусебното растојание. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека дополнително ќе проверат дали и како се почитувале протоколите за заштита од Ковид-19, но и дека немаат ингеренции да реагираат кај посетителите, туку само кај организаторите.

  • Понекогаш ни организаторите не може да ја држат ситуација под контрола зашто одговорноста кај посетителите не е на соодветно ниво. И така ги доведуваат организаторите во непријатна ситуација- Анета Симеска Димоска- в.д. директор на државниот пазарен инспекторат.

На два дена пред воведување на новите поригорозни мерки од надлежните, кои ги исклучуваат невакцинираните против Ковид-19, од присуство на различни настани и престој во угостителски објекти, на охридските плажи се одржуваат забави според старите протоколи за кои гостите беа повикувани последниве денови преку социјалните мрежи. Веќе од понеделник, повеќе од закажаните настани се откажуваат, а тие што ќе се одржат ги обврзуваат присутните на потврди за примена вакцина, најмалку една дози или за прележана болест, доколку се соберат повеќе од триесетмина.

Состојбата во Скопје е поинаква. Од МВР информираат дека воведувањето на новите заштитни мерки од почетокот на следната недела не влијаела на зголемување на бројката на настани во текот на викендот. За овој викенд се пријавени помалку настани со поголемен број присутни ,во однос на претходниот.

  • За денешниот ден се пријавени 3 настани. Еден концерт, еден кошаркарски натпревар и еден филмски настан. Додека во текот на утрешниот ден , значи на 15.08. повторно имаме музички настан, два спортски настани и продолжение на филмскиот настан.Минатиот викенд беа пријавени 9 настани, за разлика од овој викенд кога имаме 7- Сузана Прањиќ- портпарол во МВР.

И додека едни се забавуваат , други го фаќаат последниот воз за вакцинирање пред стартот на новите поригорозни мерки . На вакциналниот пункт во поликлиниката „ Букурешт“ нема турканици, за ревакцина не се чека воопшто, а за прва доза- половина час.

Лекарите велат дека интересот за вакцинирање се зголемил од почетокот на неделата.

  • Во текот на оваа недела износот на вакцинирани граѓани изнесува околу 1200 до 1400 на ден. Некаде половина се за прва доза, а половина се за ревакцина- Сања Цилевска Младеновска- лекар во Поликлиника „ Букурешт“.

Од почетокот на имунизацјата на населението, една доза примиле 571392 граѓани, а со две дози- 462192 лица.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе