Се продлабочува ковид кризата. 588 нови случаи и осум нови жртви на вирусот. Најмладиот меѓу починатите е на 51 година. По двајца починати има во Тетово и во Гостивар, и по една загубена битка за живот во Скопје, Прилеп, Кичево и Велес.
Речиси една третина од новозаразените се од Скопје, со 101 нов случај Тетово е втор на листата, Гостивар трет со 82, Кичево 48 и Дебар 17.
Бројот на активни случаи се искачи на 3135.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
