Ковид19 Македонија Топ вести

Филипче за Телма: Бараме забрани за прослави на затворено за цела држава, не само за Тетово

Забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено во сите градови во државата. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица. Ова се дел од мерките кои Комисијата за заразни болести и министерот Филипче ги договориле на утринската координација и ги предлагаат на Главниот кроординативен кризен штаб. Мерките се бара да важат во сите градови во државта, потврди за Телма министерот Филипче иако утринава од неговиот кабинет беше лиферувано соопштение дека се бара да важат само за тетовскиот регион.

Не е за Тетово, за цела држава е. Предлогот е за секаде не само за Тетово, ни одговори  министерот Филипче.

Утринава пак од здравство соопштија:

Министерот за здравство Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19. Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат. Мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Дневните билтени на нови позитивни со денови  кажуваат дека вирусот забрзано се шири. Ако пред еден месец броевме по пет нови позитивни, денеска има  378 нови. Бројот пак на активни случаи стигна до 1.618. Најкритиччно е во Тетово и Скопје. Раководителот на Ковид центарот во Тетово за Телма вели, болнички кревети има, но веќе е издадена наредба медицинскиот кадар да се врати од одмор, а тие што планираат да не го корстат. Апелира и до другите градови – да внимаваат да не им се случи тетовското сценарио.

За експертската јавност пак мерките се задоцнети. Вчера за Телма микробиологот Никола Пановски алармираше дека со вакво неконтролирано темпо на раст до крајот на август ќе имаме по 1.500 нови позитивни дневно. Смета дека на време не се презеле превентивни мерки како забрани за прослави на затворено и контрола за влез на границите,  а сега е предоцна да се сопре ширењето на вирусот.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК-Веб сајт: Излезност до 17 часот- 42,38%, 7% повеќе од 2019-та, најголема излезност има во Новаци и Крива Паланка, најмалку во Пласница и Центар Жупа

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто или девет отсто повеќе од претседателските избори во 2019 година

Дејан Дејан

Десетина граѓани се пожалиле кај Омбудсманот за повредено избирачко право

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе