Четворица починати и 219 нови случаи на Ковид-19 од 4713 тестирања, се регистрирани во последното деноноќие, информираат од Институтот за јавно здравје.
Од починатите, сите четворица се во болнички услови – две лица се од Скопје на 61 и 66 годишна возраст, едно лице од Тетово на 76 години и од Кичево исто така на 76 годишна возраст.
Од новозаразените, во Скопје и Тетово има најмногу, по 65 случаи. Двоцифрен број на новозаразени има и во Куманово 20 и во Гостивар 19.
Регистрирани се 30 оздравени пациенти.
