Македонија

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина, Ана Петровска

Владата ја разреши директорката на државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, дознава Телма од извори на владата.

Разрешувањето е на барање на претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, велат партиски извори.

Претходно, на прашање дали очекува да биде разрешена од функцијата, Петровска одби да коментира и кажа да се почека исходот од владината седница и дали нејзиното разрешување воопшто ќе биде на дневен ред на седницата.

На денешната прес конференција на Петровска, презентирајќи ги резултатите од работата на ДИЖС за првите 6 месеци, таа изјави дека само годинава се покренати 43 прекршочни постапки, изречени се 36 санкции а поднесени се и 2 кривични пријави.

Во првото полугодие од годинава има зголемен број на извршени вонредни надзори  – 171 и 740 редовни, тврди Петровска.

Од владата соопштија дека согласно меѓукоалицискиот договор во Владата, позицијата директор на државниот инспекторат за животна средина е во политичка надлежност на партијата ДОМ.

“Кадровските решенија за државните инспекторати како носители на јавни функции се дефинираат низ разговори со коалиционите партии од владината коалиција и со преземање политичка одговорност пред граѓаните од страна на секоја политичка партија за позицијата со која раководи” – велат од владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државата ги продава становите на Груевски по вртоглави цени, му ги конфискува со „Плацеви на Водно“

Дејан Дејан

За 30 отсто помалку одобренија за згради во Скопје – го спласнаа ли високите цени интересот за квадрат во главниот град?

Sasko Dimovski

Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ достапни на вебсајтот на „Крени глас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе