Македонија Најважни

Девет активни пожари голтаат шуми вредни милиони евра – се зголемува и ризикот од поплави заради ерозијата

Српските хеликоптери гаснат во с.Ранковце, бугарските пожарникари одат напомош во Пехчево. 9 активни пожари голтаат шума и ги демнат најблиските села. Најсериозно гори кај селото Дренак во општина Старо Нагоричане каде што армиските хеликоптери истурија повеќе од 50 тони вода.

Теренот е шумски и непристапен. Во Кочанско стивна, но затоа од денеска е распламтен во Прилепско и Тетовскиот регион.

Стотици пожарникари и вработени во ЦУК И ДЗС се на терен, се гасне за да се спасат трлата, куќите и викендиците.

Експертите, пак, веќе ги преборјуваат штетите. Ако продолжат пожарите, освен милионски штети во дрвна маса ќе го загубиме кислородот, температурите ќе пораснат, стотици семејства ќе загубат егзистенција, а ерозијата ќе предивика поплави на есен и на пролет.

Јавното претпријатие Национални шуми, освен што треба да гасне во оние шуми кои не се под општинска надлежност треба и да сади нови дрва. Продажбата на изгорените дрва за огрев е мотив кој ги наведува граѓаните да палат, тврди Стојановска.

Да заборавиме и на локалниот туризам ако навремено не се справиме со пожарите апелира Стојановска.

Доколку утре посадиме нови дрвја, потребни 20 до 50 години тој рпедел да стане шума.

За само неколку денови во земјата на различни локации изгореа неколку илјади хектари ниско стеблеста и виоско стеблеста шума, штета на која треба да се додаде и онаа од претходните години.

Колку е важно да не ги предизвикуваме и навреме да ги гаснеме, уште поважно изгорените предели веднаш да ги пошумуваме е пораката од експерите до надлежните власти.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државата ги продава становите на Груевски по вртоглави цени, му ги конфискува со „Плацеви на Водно“

Дејан Дејан

За 30 отсто помалку одобренија за згради во Скопје – го спласнаа ли високите цени интересот за квадрат во главниот град?

Sasko Dimovski

Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ достапни на вебсајтот на „Крени глас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе