Од куќна слава во Прилеп 12 члена на исто семејство, од кои 2 деца, завршиле на болница поради труење со храна. Сите јаделе месо набавено и подготвено во иста месерница, по што со дијареа, повраќање и малаксаност побарале лекарска помош.
-Станаува збор за домашана прослава, каде од вкупно 19 гости, кај 12 лица за краток временски период после конзумирање на храната се појавиле овие симптоми. Од нив 8 побарале здравствена помош на Инфектвното одделение во Општа болница Прилеп, две во Детското одделение, и две во Итната медициснка помош. После дадената терапија се испиани на домашно лекувањр, вели Горан Кузески, епидемиолог од ЦЈЗ Прилеп
Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Прилеп, извршија вонреден инспекциски надзор во месарницата од каде било набавено месото за куќната слава. Инспекторите констирале дека месарницата е регистрирана во Агенцијата за храна, но објектот каде се подготвувало месото нема одобрение за работа.
-Од страна на инспекциските служби, нерегистрираниот објект каде се печело месото е затворен за работа, а на управителот за сторениот прекршок, му е изречена глоба согласно Законот за прекршоци. Вработените лица во овој објект упатени се на вонреден санитарен преглед, земени се мостри од храната која се подготвувала во овој објект (плескавици) и брисеви од работните површини, вели Никола Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
За да се утврди дали труењето кај гостите на куќната слава во Прилеп е предизвикано од месото кое било послужено, ќе се сочекаат резултатите од анализите. Сепак, според епидемиолошката анкета, утврдено е дека на трпезата немало друга храна што би можела да е причина за вакво труење.
– Според клиничката слика и појавата на симптомите кои се појавиле за многу краток период по конзумирање на храната најверојатно станува збор за стафилококно туење или храна која не била довоно термички обработена или не одговарале хигиенските услови и самиот производствен процес. Но додека не ги добиеме резултатите не можеме да кажеме дека изворот на заразувањето е посочената храна, вели Горан Кузески, епидемиолог.
Инспекциските служби на АХВ направија контрола и во месарницата, но таму не се утврдени неодоследности. Последна контрола во овој објект АХВ спровела во април годинава.
Емилија Мисирлиевски
